Промовирана книгата „Подводна и хипербарична медицина“ на д-р Горан Балевски
Во Охрид синоќа беше промовирана книгата „Подводна и хипербарична медицина“ на авторот д-р Горан Балевски, единствениот лиценциран лекар-специјалист за односната област од медицината во земјата.
Станува збор обемен авторски труд, двојазично издание на англиски и македонски јазик, прво стручна литература во земјата што обработува теми од проблематиката за подводна и хипербарична медицина. Првиот дел на книгата се однесува на подводна медицина, наменет за нуркачите и за лекарите од општа пракса, додека вториот дел е посветен на хипербричната медицина, наменет исклучиво за лекарите-специјалисти.
За вредноста на односната стручна литература зборуваше проф. д-р Здравко Тројачанец, кој истакна дека книгата претставува задолжително четиво како за лицата кои рекреативно или професионално се занимаваат со нуркање, така и за лекарите што ги корстат методите на хипербарична оксигенција и декомпресија, како во случај на нуркачки несреќи, така и при лекување на други здравствени нарушувања.
Авторот Балевски во изјавата за МИА рече дека неговото дело е производ на дведецениското искуство во нуркањето, како и искуствата стекнати во работата со хиперабричната комора во Охрид, инаку првата опрема од тој вид во Македонија.
- Во книгата меѓу другото се посочени сите проблеми и опасности што можат да се појават при нуркањето, односно се она што треба да го знае секој нуркач за безбедно да оди под вода. Тука се опфатени и сопствените искуства во работата со хипербарната комора односно лекувањето на првите пациенти-нуркачи кои беа третирани во неа, рече тој.
Балевски е постдипломец на Институтот за подводна и хипербарична медицина во Сплит од 2000 година. Тој е активен нуркач, член на Тимот за подводно хуманитарно деминирање, претседател на Клубот за подводни активности во Охрид, лиценциран лекар за подводна и хипербарична медицина со активен статус.
Ново на Сител
-
Црн чад над Сикстинската капела во Ватикан
-
ПМФЛ: Шкендија со триумф над Работнички ја обезбеди шампионската титула
-
Започна конклавата за избор на нов папа
-
Пронајден починат маж во Бутел
-
Николски за заемот од 6 милијарди евра: Делот за тоа колку ќе се задолжиме е погрешно пренесен
-
Учество на министерот Муцунски на неформалниот состанок во GYMNICH формат
-
Во првиот квартал извоз во вредност од 1 928.6 милиони евра
-
ЕУ ги повика Индија и Пакистан да покажат воздржаност