Промовирана книгата „Црквите и манастирите во кавадаречко“
Во Домот на културата во Кавадарци синоќа беше промовирана книгата „Цркви и манастири во Кавадаречко“, од авторите Петре Камчевски и Весна Ѓорѓиева, вработени во Кавадаречкиот музеј.
Станува збор за фотомонографија во која се документирани 65 верски објекти од кои 53 цркви, три манастири, три ранохристијански и две пештерски цркви. Во книгата се поместени проекти на кои е работено во изминатите триесетина години, а се однесуваат на црковното богатство од речиси 1.000 икони, старозаветни црковни книги, конзервации и реставрации на манастири и други цркви.
Градоначалникот на Кавадарци, Александар Панов поздравувајќи го излегувањето на тоа дело, ја нагласи неговата важност. - Оваа локална власт и јас лично ги поддржуваме и понатаму ке продолжиме да ги поддржуваме проектите на Музејот во Кавадарци, нагласи Панов.
Тој досега посетил многу цркви во Тиквешијата и знаејќи го нивното значење, како што нагласи, помага тие да се одржуваат и заштитат од пропаѓање. Вети дека ќе настојува да го зачува споменот на црквите во овој крај, затоа што тие зборуваат за нас како луге и како народ.
Од името на Македонската православна црква, намесништвото во Кавадарци, се обрати архиерејскиот намесник Киро Ристов.
- Ние треба да градиме нови цркви, но да ги зачуваме и обновиме старите. Монографијата е можност да се информираат и странците, но и нашите Македонци за нашето црковно наследство, нагласи Ристов.
Д-р Викторија Поповска - Коробар, промотор на ова книга, го нагласи значењето на ова дело. - Книгата од Камчевски и Ѓоргиева, опфаќа период од 1.500 години христијанство и градителство, речеПоповска - Коробар. Таа спомна неколку црковни објекти од кавадаречко, каде се зачувани ретки посебности и вредности.
Весна Ѓорѓиева рече дека оваа фотомонографија е резултат на долгогодишно макотрпно работење на поранешни и сегашни вработени во Музеј галеријата. Им се заблагодари на градоначалникот, Советот на општината и Министерство за култура.
Пред присутните говореше и Камчевски, кој е директор на музејот и 36 години работи во музејската дејност. Посочи дека речиси 30 години преку разни проекти, се создава книгата „Цркви и манастири во Кавадаречко“.
- Преку разни конзерваторски и реставраторски работи, како на Полошкииот манастир и други црковни објекти, конзервацијата на над 1.000 икони, спасувањето и заштитата на голем број црковни книги и други црковни материјали, направено е многу за да се зачува црковното благо. Но, треба уште многу да се работи во иднина на ова проблематика. Треба да се интервенира на многу објекти за да се спасат од заборавот. Нашата црква и нашиот народ тоа го заслужуваат, нагласи Камчевски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден