Промовирана бесплатна телефонска линија за помош при напад на новинари и медиумски работници
Мисијата на ОБСЕ во Скопје во партнерство со Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) денеска на прес-конференција ја промовираше бесплатната телефонска линија 0800-11-011 за помош на новинари во случај на закани, напади и насилство кон новинарите.
- Нападот врз новинарот е напад врз демократијата. Заканите и заплашувањата често доведуваат до самоцензура, го ограничуваат просторот за проток на идеи и мислења. ОБСЕ со својот сеопфатен пристап кон безбедноста, работи на обезбедување услови медиумите да работат слободно и новинарите да можат непречено и безбедно да ја вршат својата работа – без страв од заплашување или закани, рече заменикот шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Џеф Голдстајн.
Како што соопштија од Мисијата на ОБСЕ, на прес-конференцијата Ѕвездан Георгиевски во својство на в.д. претседател на ССНМ, истакна дека квалитетно новинарство не е можно без постоење услови за безбедна работа на новинарите и медиумските работници.
- Клучно е на нашите колеги да им овозможиме помош кога ќе се соочат со кој било вид на насилство, рече Георгиевски.
Бесплатната телефонска линија ќе функционира 24/7 и ќе овозможи помош и поддршка на новинарите и медиумските работници во случај на заплашувања, закани, вербални или физички напади, онлајн вознемирување, родово насилство, уцени и останато загрозување на безбедноста. Телефонскиот оператор ќе ги советува новинарите и медиумските работници како да постапат во одредени специфични ситуации преку информирање за механизмите на делување кои им се на располагање.
Мисијата на ОБСЕ денеска донираше и елеци и заштитни капи за репортери членови на Здружението на новинари (ЗНМ).
Ново на Сител
-
НАСА го одложи враќањето на астронаутите од МВС до крајот на март
-
Уапсен 30 годишен кумановец баран со потерница
-
Вечерва е заслуг, а утре Свети Никола, најчестата македонска слава
-
Во Брисел средба на премиерот Мицкоски со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика Калас
-
Правобранителот на Украина против мобилизација на 18-годишни момчиња
-
Обвинение за злоупотреба на службената положба во јавно претпријатие во Битола
-
Фрлил пакетче дрога од автомобил, уапсен 38-годишник
-
Уапсени четири лица од Радовиш кои краделе во продажни објекти