Промовиран туристичко-археолошки водич за Демирхисарско
Општина Демир Хисар и библиотеката „Ал-Би“ од селото Бабино, синоќа во битолската Магаза приредија промоција на туристичко-археолошки водич за Демирхисарско чие издавање во целост е финансирано и поддржано од Владата на Република Македонија.
Туристичко-археолошкиот водич го промовираше градоначалникот на општина Демир Хисар Љупчо Блажевски кој истакна дека во публикацијата се презентирани 196 археолошки локалитети од различни временски периоди.
- Водичот содржи археолошки наоди од 40 населени места во Демир Хисар со што се овозможува претставување на општината која досега археолошки не била доволно истражена. Апелираме до стручната јавност овие туристички локалитети да ги валоризира и да ги ставиме на туристичката мапа на регионот. Наскоро ќе почнеме и теренско истражување на еден локалитет, односно стариот антички град Брианион кој е оддалечен 2 км. североисточно од Демир Хисар, а пронајдените материјали ќе бидат изложени во музејска поставка, истакна Блажевски на синоќешната промоција во Магазата.
Издавач на туристичко-археолошкиот водич за Демирхисарско е библиотеката „Алби“ од селото Бабино, и истиот е отпечатен во 1.000 примероци.
- Оваа прва од ваков вид публикација во Македонија ја дава сликата на различни археолошки локалитети распослани по течението на култниот Еригон кого и Хомер го опеал во својата Илијада. Сакаме да го извадиме Демир Хисар од т.н. анонимност и да му го понудиме на научната јавност за да го истражува и проучува. Во водичот најзастапени се археолошки локалитети од средниот век кој е еден од најнеистражуваните и најзагонетните периоди во археологијата и аналогно на тоа претстојат низа истражувања во Демир Хисар, нагласи Стево Степановски, основач на библиотеката „Ал-Би“ и издавач на водичот.
Во изработката на водичот како стручен консултант беше вклучен археологот Слободан Стојкоски од НУ Завод и Музеј-Битола кој потврди дека публикацијата има популарен осврт во научен контекст, а Република Македонија има стручни ресурси да ги продолжи истражувањата во Демир Хисар.
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија