Македонија
21. February 2024 - 12:34

Промовиран прирачник за поголема заштита на жртвите од семејно насилство

Промовиран прирачник кој треба да помогне во поголема заштита и безбедност на жртвите од семејно насилство.  Прирачникот е изготвен од страна на здружението Скај плус кое го раководи и шелтер центарот за жртви од семејно насилство во Струмица и претставува еден вид модел за сите други општини како треба и може да се обезбеди згрижување на овие лица. Овој пример веќе почнале да го следат општините Гостивар и Охрид во кои започнал процесот за отварање на шелтер центар. 

Како заокружување на целиот процес за целосно згрижување и реинтеграција на жртвите на семејно насилство треба да биде и проектот ,,Куќа за отворено домување'' чија реализација влегува во завршна фаза.

Шелтер центарот за жртви од семејно насилство функционира неколку години. Во просек на годишно ниво во него се згрижуваат и по 30 жртви со нивните деца од струмичкиот микро регион, но и од другите делови на државата.