Промоција на Водич за родители за здравје, раст и развој на детето

Првиот Водич за родители за здравје, раст и развој на детето (од нула до три години) ќе го промовираат денеска Здружението на медицински сестри, техничари и акушерки на Република Македонија и канцеларијата на УНИЦЕФ.
Водичот за родители содржи совети и информации за се што треба да знае еден родител за најважните аспекти на здравјето, растот и развојот вклучувајќи правилна исхрана и доење, календар на имунизација, дијаграми на раст во висина и тежина, орално здравје, безбедност на детето и стимулација на менталните, физички, социјални и емоционални вештини.
Патронажните сестри ќе го споделат Водичот на родителите на сите новородени деца во земјата при својата прва посета, а тоа ќе им помогне што подобро да го користат за да можат да го мерат растот и развојот на своето дете.
Исто така, патронажните сестри ќе можат да го следат целосниот развој на бебињата и на малите деца, да идентификуваат рани знаци на развојни тешкотии и да обезбедат поддршка за родителтие и семејествата. Со помош на овој прирачник сите родители ќе добијат можност да го прават најдоброто што можат во грижата за своите деца.
Водичот е изработен во соработка со Министерството за здравство, Здружението на педијатри, Здружението на неонатолози и Здравствен дом – Скопје.
Ново на Сител
-

Во Струмица нов протест за почист воздух
-

Стручна конференција: Кој го изврши атентатот врз Киро Глигоров?
-

Јаневска: Со новиот закон нема да се мешаме во автономијата на универзитетите
-

Преглед на вестите од светот
-

Работниците им го блокираат патот на пратениците до Собранието
-

Владата со одлука - да се проверат на сите фирми кои имаат лиценци за производство на канабис
-

Филипче: Акцијата на власата е дефокус од прашањето како 5 тони дрога поминале низ граница
-

Стручна конференција: Триесет години од атентатот врз Киро Глигоров
