Македонија
24. December 2019 - 8:35

Промоција на „Слова за словото“ од поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан

Во Музејот на македонската борба денеска ќе се одржи промоција на делата проповеди „Слова за словото“ од неговото блаженство, архиепископот охридски и македонски и на Јустинијана Прва г.г. Стефан, во издание на Скопската православна епархија.

Трудот е резултат на архипастирското дело на г.г. Стефан во изминатите 20 години како поглавар на Македонска православна црква – Охридска архиепископија и низ 33-те години како архијереј во епархиите во државава и во дијаспората.

Промотори ќе бидат академик Катица Ќулавкова и епископ хераклејски г. Климент.