Промоција на романот „Еретички писма“ од Стефан Марковски
Романот „Еретички писма или наоѓајќи ги небата што сјаат црвено“ од Стефан Марковски денеска ќе биде промовиран на штандот на Издавачкиот центар „Три“. Промотор на романот е универзитетскиот професор, теоретичар, лингвист и писател Димитар Пандев.
За овој психолошки роман со елементи на трилер, познатиот драматург Јордан Плевнеш вели дека претставува пресвртнички чин во тековите на новата македонска проза.
- Тој би можел да биде сведен на Прозонема или роман во една реченица, или пак во Роман-Река што може да ги однесе во духовна поплава сите негови идни читатели заедно со авторот, додава Плевнеш.
Димитар Пандев укажува на потребата на модерната културологија од вакви прозни остварувања во кои на современ начин е реализиран спојот меѓу митологијата, религијата и науката.
- Еретички писма од Марковски е роман што кореспондира со примерните алегории на вонвременската литература, испишан со модерно писмо на јазик што комуницира со современиот читател, што значи, ниту сленгот и жаргонот, независно од нивната провениенција, му се туѓи, ниту античката, па ни схоластичката мисла не му се оптоварување. Напротив, тие функционираат во еден совршен склад што им соодветствува на клучните, парадоксално но можно, имагинарните реалии во романот – шесте бронзени скулптури што би биле посветени на шесте типа љубов, кои во романот се јавуваат во функција на наслови на одделните поглавја: Ерос, Лудус, Сторге, Прагма, Манија и Агапе, вели тој.
„Еретички писма или наоѓајќи ги небата што сјаат црвено“ е втор роман на Марковски. Книгата има обем од 214 страници, лектурата е на Виолета Танчева-Златева, а дизајнот на корица е дело на Александар Саздов.
Ново на Сител
-
Араухо ја известил Барселона дека сака да си замине
-
Милановиќ убедлив победник во вториот круг претседателски избори во Хрватска
-
Излезни анкети: Милановиќ убедливо го победи Приморац на изборите во Хрватска
-
Волц: Во тек се подготовки за состанок меѓу Трамп и Путин
-
До крајот на денот облачно и студено време со повремени врнежи од снег, најмногу снег има на Попова Шапка
-
Тојота се движи кон целосно враќање во Формула 1
-
Седлоски: Ќе го нападнеме трофејот во Купот на Македонија
-
Мицевски и Брдаровски заминуваат од Вардар