Промоција на монографијата „Светлана Антоновска – македонската челична дама“

Во Салонот 19:19 вечер ќе се одржи промоција на монографијата „Светлана Антоновска – македонската челична дама“ во која е опфатен севкупниот период на работењето на истакнатиот општественик, политичар, статистичар и научник од нејзиното рано општествено-политичко ангажирање во седумдесеттите години на минатиот век се до последните години од нејзиниот живот.
За Антоновска ќе говорат поетот Ристо Лазаров, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова и гувернерот на Народната банка на Република Македонија, Димитар Богов. По повод објавувањето на монографијата, поздравно слово ќе одржи и Апостол Симовски, в.д. директор на Државниот завод за статистика, институцијата во која Антоновска го даде својот најголем влог за државата, како основоположник на современата статистика во самостојна Република Македонија, прв предводник на процесот на трансформација на македонската статистика и втемелувач на европските стандарди во неа.
Промоцијата на монографијата „Светлана Антоновска – македонската челична дама“ претставува одбележување на 65-годишнината од нејзиното раѓање и една година од смртта.
Ново на Сител
-

Нема подолги задржувања на граничните премини од македонска страна
-

Најстудено утрово во Маврово со температура од 4 степени
-

Папата Лав XIV ја започнува најдолгата посета на Африка во својот понтификат
-

Раст на цената на нафтата по американската најава за блокада
-

САД најавија блокада на иранските пристаништа по неуспешните преговори
-

Орбан му честиташе на Маѓар на изборната победа
-

Денеска се слави Светол понеделник - вториот ден од Велигден
-

Фон дер Лајен смета дека Унгарија се вратила на европскиот пат
