Македонија
14. October 2017 - 9:15

Промоција на монографијата „Пештерски цркви од Преспанското Езеро“

Промоција на колор-монографијата „Пештерски цркви од Преспанското Езеро“ од д-р Гоце Ангеличин Жура, денеска ќе се одржи во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ од Скопје.

За најновото издание на долгогодишниот истражувач на богатото културно наследство на Македонија ќе зборуваат проф.д-р Димитар Ќорнаков и проф.д-р Виолета Мартиновска.

Издавач на монографијата е Книгоиздателството „Силсонс“ од Скопје.