-->
-->
Промоција на монографија за егејското село Смрдеш
-->
Во мултимедијалниот културен центар „Матица ексклузив“ денеска ќе биде промовирана монографијата „На пат за светото место“ од проф. д-р Танас Вражиновски, во издание на издавачката куќа „Силсонс“ од Скопје.
Вражиновски во делото пишува за историјата и трагичната судбина на селото Смрдеш, родното место на славните војводи Васил Чакаларов и Пандо Кљашев.
- Како и бројните населени места со македонско население во Егејска Македонија и ова село за време на Граѓанската војна во Грција ќе ја доживее трагичната судбина. Во селото денес е останата само селска црква, која немо сведочи за злосторствата што ги доживеа македонскиот народ во граѓанската војна, соопшти издавачот.
Изданието ќе го промовира проф. д-р Тодор Чепреганов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи