Промоција на меѓународно студентско списание за археологија и историја на уметноста
Првиот број од меѓународното студентско списание за теми од археологијата, историјата на уметноста и културното наследство „Axios“, во издаваштво на Студентското археолошко здружение „Аксиос“ од Скопје, ќе биде промовиран денеска на Филозофскиот факултет во Скопје.

Првиот број на списанието ќе биде составен од 14 текстови во авторство на 15 студенти од четири различни универзитети од Македонија, Србија и Германија.
Текстовите опфаќаат голем број теми, почнувајќи од археолошки рекогносцирања, античка луксузна архитектура и уметност, древни религиозни култови и митолошки концепти, па сé до физичко-антрополошки анализи и употребата на современи дигитални технологии во проучувњето на средновевековни цркви.
Списанието има цел да ја поттикнува активната истражувачка дејност на студентите кои го изучуваат културниот развиток на човечката цивилизација низ вековите, да ја поттикнува нивната меѓусебна соработка и да претставува медиум преку кој тие ќе можат да ги публикуваат своите први научни размислувања.
Списанието ќе биде достапно бесплатно во електронска форма на официјалниот веб-блог на САЗ „Аксиос“ www.axiosskopje.wordpress.com.
Ново на Сител
-

Тема на денот со отец Антонио Апостолоски, од Соборниот храм „Св. Климент Охридски“
-

Православните христијани го празнуваат Бадник
-

Бадниковите поворки низ Македонија го најавија Христовото раѓање
-

Лекарски совети за празници без здравствени ризици
-

Македонците ќе зборуваат без роаминг со граѓаните од Унијата на есен
-

Партиите со препукувања и празна реторика за време на празници
-

Растат цените и побарувачката за станови во Струмица
-

Пчеларите се соочуваат со нелојална конкуренција
