Македонија
29. јуни 2017 - 9:52

Промоција на книгата „Кинеење 3Д“ од Тони Цифровски

Во рамки на „Скопско лето“ вечер од 20 часот во Кинотеката на Македонија ќе биде промовирана книгата „Кинеење 3Д“ од новинарот Тони Цифровски, издание на Дирекцијата за култура и уметност-Скопје.

„Кинеење 3Д“ е збирка рецензии од кои помал дел беа објавени во  весникот „Дневник“, а повеќето биле дел од специјализираните емисии на Македонското радио – Радио Скопје. 

- Станува збор за трето продолжение со кое ќе се заокружи единственото документирање на случувањата на кино репертоарот во Македонија во последниве 10 години, соопшти Дирекцијата за култура и уметност-Скопје.