Промоција на книгата „Историја на чешката култура“
Во Музејот на македонската борба во Скопје денеска ќе биде промовирана книгата „Историја на чешката култура“ од тројца автори - научници: Јан Рихлик од Чешка, Владимир Пенчев од Бугарија и Новица Велјановски од Македонија.
- Почетокот на чешката култура во смисла на духовни и материјални вредности создавани со мисловна и творечка дејност на народите го лоцираме во времето на 9 век кога словенските племиња на овие простои ги создавале првите државни творби – Великоморавското Царство, а потоа и Чешкото Кнежевство, велат авторите.
Македонскиот читател, а пред сè, научниот творец, истакнуваат авторите на книгата, ќе има убава можност да го споредува тоа со она што се случувало на овие простори кај другите, исто така, словенски народи.
Книгата е во издание на „Макформ“ - Скопје.
Ново на Сител
-
Двајца велешани повредени откако со автомобил удриле во наплатната станица „Сопот“
-
Во Кочани малолетници биле заглавени во снег па извлечени и предадени на родителите
-
Нападнат контролор на ЈСП „Скопје“
-
Осум министерства, Заводот за статистика и Државниот архив утре на протест
-
Украл куче па бегајќи го удрил сопственикот со возило
-
Шекеринска: Во овој понестабилен и поопасен свет, демократиите мора да преземат акција
-
Меџити: Имаме забелешки за работата на Илире Даути, но не поддржуваме иницијативи од Левица
-
Даути: Изгласаната интерпелација според заклучокот значи мое разрешување или дејствување под диктат на Левица и ВМРО-ДПМНЕ