Промоција на книгата „Безбедносни системи – компаративна анализа“
Во објектот на Македонска филхармонија денеска ќе биде промовирана книгата „Безбедносни системи-компаративна анализа“ од проф.д-р Оливер Бакрески.
Промотори на книгата ќе бидат проф.д-р Неџад Корајлиќ, декан на Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии од Сараево, проф.д-р Зоран Кековиќ, раководител на Катедрата за безбедност при Факултетот за безбедност од Белград и проф.д-р Јасмин Ахиќ од Факултетот за криминалистика, криминологија и безбедносни студии од Сараево.
-Градењето ефикасен безбедносен систем е се уште голем предизвик за Република Македонија. Се смета дека ова прашање е едно од најтешките зашто се поврзува со ефикасното функционирање на безбедносниот систем, но ова не значи дека постоењето безбедносен систем сам по себе ќе ја обезбеди потребната функционалност. Оттука, целокупната проблематика во книгата „Безбедносни системи“ се обработува на мошне специфичен начин, а преку истражувачките пластови се откриваат меѓусебните односи и влијанија, стои во најавата за промоцијата.
Како што се додава, содржините на оваа книга, нејзините прашања и проблеми се од видот на оние кои ги третираме како постојано отворени и за кои се бараат нови одговори. – Анализата на овој комплетен зафат оди на нивото на највлијателните теории и современите истражувачки потфати. Во неа се собрани и систематизирани теориски осмислени идеи и истражувачки искуства, а книгата се оценува дека има големо едукативно значење, велат промоторите.
Ново на Сител
-
Продолжи судењето за убиството на Вања и Панче, Обвинителството презентира докази од видео материјали
-
Калас: На трговска војна меѓу САД и ЕУ „ќе се смешка“ Кина
-
Вучевиќ: Протестите се можност за опозицијата која сака да ја отцепи Војводина
-
Се проширува истрагата во „Адитив“, осомничени осум нови лица, а тројцата претходно осомничени се товарат и за перење пари
-
Спасен повреден планинар кај кичевско Лавчани
-
ВМРО - ДПМНЕ, ЗНАМ и „Вреди“ поднесоа барање во Собранието за јавна расправа за законски измени за зајакнување на безбедноста во сообраќајот
-
Герасимовски: Контејнерите преполни со ѓубре, Град Скопје не исчисти ниту викендов
-
Пронајдено безживотно тело на исчезната жена од кумановско