Запален автомобилот на познат велешки бизнисмен
Во Полициска станица Велес ноќеска околу 02:00 часот било пријавено дека на улица „Гемиџиска“ б.б. во Велес има опожарен патнички автомобил марка „мазда“ со велешки регистерски ознаки, сопственост на 33-годишниот велешанец У.Т.
Портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска изјави дека полициски службеници извршиле увид на лице место и оти се преземаат мерки за расветлување на настанот.
Станува збор за автомобил сопственост на Урош Ташев финансов директор на А.Д.Жито Вардар“ и син на генералниот директор на А.Д „Жито Вардар“ Ристо Ташев. Возилото било паркирано пред нивната семејна куќа, каде што било и запалено. Пожарот бил пријавен во Противпожарната единица Велес и го гаснеле четворица пожарникари.
Урош Ташев во изјава за медиумите рече дека не може да каже дали пожарот на неговото возило бил подметнат или самото се запалило. Тој вели дека додека пристигнале пожарникарите, пожарот го гаснел заедно со соседите, а потоа и со пожарникарите, но возилото скоро целосно изгорело.
Ново на Сител
-
Еврото најслабо од ноември 2022 година во услови на трговски тензии во САД
-
Арсенал ги здроби немоќните „граѓани“ во дербито на Премиер лигата
-
Мората: Галатасарај е единствената причина поради која дојдов во Турција
-
Едно лице загина во експлозија во станбена зграда во Москва
-
Доделени 67. Греми награди – доминацијата на Бијонсе продолжува
-
Повеќе од 200 земјотреси на Санторини
-
Трамп ќе воведе царини за европските стоки „многу скоро“
-
Најтопло утрово во Гевгелија, најстудено во Берово и Попова Шапка