Промоција на избраните дела од Бранко Цветковски
Избраните дела во 6 томови од книжевното творештво на познатиот македонски поет и литературен критичар Бранко Цветкоски денеска во 18 часот ќе бидат промовирани во Кавадарци.
Промоцијата е во организација на градоначалникот и Советот на општина Кавадарци и на Градската библиотека „Феткин“.
За вредностите и за развојните фази на поетското, есеистичкото и критичарсткото дело на Бранко Цветкоски ќе говори проф. д-р Илија Велев, а делови од книжевното творештво сместено во избраните дела на овој современ автор ќе интерпретира актерот Томе Витанов.
Неодамна по повод 60-годишнината од раѓањето на Цветкоски и 40-годишнината од неговото стартување во македонската литературна арена, во издание на „Макавеј“ од Скопје, се појави шестомен избор од неговото творештво: во првите два тома е селекцијата од неговата поезија, во третиот том е изборот од неговата обемна критичко-есеистичка актива посветена на македонските и на повеќе светски писатели, во четвртиот том за творештвото на Цветкоски се објавени 38 есеи и огледи од сите генарации македонски писатели и критичари, а во петтиот и шестиот том се презентирани поетски книги на Цветкоски објавени на 18 светски јазици.
Цветкоски е носител на врвни државни, книжевни и општествени награди во Република Македонија и на девет престижни меѓународни книжевни признанија и одликувања.
Ново на Сител
-
Двајца малолетници со закани принудувале малолетнички полово да ги задоволуваат
-
Со автомобил удрен пешак во Скопје, се здобил со тешки телесни повреди
-
Објавен редоследот на евровизиските настапи во мај
-
Во Египет откриена гробница на фараон стара 3.600 години
-
Анчелоти идната недела на суд за даночна измама
-
Попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Четири млади лица приведени во кавадаречко, поседувале бела грутчеста материја
-
За време на продолжениот викенд јавниот превоз ќе сообраќа по неделен возен ред