Македонија
22. јуни 2017 - 9:11

Промоција на „Годините кога научив да летам“ на Евгениј Хоуп

Новата книга на Евгениј Хоуп насловена „Годините кога научив да летам“ ќе биде промовирана  вечер во Клуб Матица на Булеварот на книгите.

Според издавачот, книгата нуди авантура, мистерија и филозофија и е симбол за 30.000 километри поминати во автостоп низ Европа на писателот Евгениј Хоуп.

- Ова е приказна која зборува за решителноста на еден млад човек да напушти сѐ во животот и да тргне на патување низ европските патишта со една цел – да го најде внатрешниот мир на островот, за кој и не е сигурен дали воопшто постои, се наведува за книгата.