Промоција на едукативниот проект „Паркирај совесно!“
Во Гимназијата „Јосип Броз Тито“ денеска ќе биде промовиран проектот под слоганот „Паркирај совесно“ што има за цел подигнување на сообраќајната свест и култура на повисоко ниво, зголемување на одговорноста кај најмладите учесници во сообраќајот и укажување на важноста и потребата од почитување на сообраќајните правила и прописи.
Овиој проект има за цел и да ги едуцира учениците од трета година од средните училишта во Скопје, како најмлади идни активни учесници во сообраќајот, за правилно и прописно паркирање и да ја развие нивната сообраќајна култура и свест за безбедно однесување во сообраќајот, како и стекнување на основни предзнаења за сообраќајот.
Проектот е во организација на јавните претпријатија „Паркинзи на општина Центар“ и „Градски паркинг“ и Министерството за внатрешни работи, а е поддржан од Град Скопје и општина Центар.
На прес-конференцијата ќе се обратат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, градоначалниците на Град Скопје и на Центар Петре Шилегов и Саша Богдановиќ и директорите на „Паркинзи на општина Центар“ и на „Градски паркинг“ Васко Кичевски и Борче Јакимовски.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот