Промоција на „Црните страници на УДБА“ во Струмица

Во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица денеска беше промовирана едицијата „Црните страници на УДБА“. Директорот на Државниот архив, Филип Петровски ги презентираше документите објавени во 9 тома, 16 книги во кои се содржани 202 досиеја на 13.500 страници.
- Од Струмица ја почнуваме промоцијата и низ другите градови од Македонија. Оваа едиција е само 2 проценти од тоа што ние како Архив го имаме. Документите кои ги поседуваме на 630 илјади страници покажуваат чуден однос на тогашната држава кон сите патриоти со македонска промисла. Досега овој материјал не беше достапен за историската наука и сметаме дека многу ќе придонесе за пишувањето на поновата македонска историја, на начин на кој навистина се случувале настаните, рече Петровски.
Одговарајќи на новинарско прашање, дали Архивот ги има досиејата на петмината струмички студенти кои станаа актуелни деновиве по промоцијата на филмот „Златната петорка“ која зборува за нивната ликвидација поради идеите за национална самобитност, Петровски рече дека голем дел од нив се уништени.
- Немаме за нив. Имавме масовни ликвидации по 1945 година за кои е уништена документацијата. Државата треба на друг начин да формира предмети и да ги истражува овие убиства. Се надевам дека државата ќе собере сила да ги отпочне овие истраги и да ги пронајде одговорните, а на оние кои беа ликвидирани да им се даде вистинското место во историјата, рече Петровски.
Ново на Сител
-

АВМУ за изјавата на Филипче: Aпсолутно е недозволиво носител на јавна функција да користи дискредитирачка реторика
-

Симеоне: Стигнавме до полуфиналето со добар став и верба во себе
-

Рафиња за реваншот против Атлетико: Тоа беше грабеж
-

Маѓар разговарал со Фон дер Лајен за деблокада на средствата од европските фондови за Унгарија
-

Македонска собраниска делегација ќе учествува на 152. Собрание на Интерпарламентарната унија во Истанбул
-

Си-Ен-Ен: Македонија – потценетa туристичка дестинација, Радика ги засрамува разгледниците од Нова Англија
-

Во РЕК Битола исклучен ТЕ Битола 3, денеска ќе биде вклучен ТЕ Битола 1
-

Најстудено на Попова Шапка, најмногу дожд наврна во Битола
