Македонија
18. May 2017 - 8:51

Промоција на Create Hub на Стопанската комора на северозападна Македонија

Стопанската комора на северозападна Македонија денеска ќе го промовира новиот Create Hub поддржан од Програмата за зголемување пазарна вработливост - ИМЕ.

Create Hub има цел да го поттикне економскиот раст и развој преку поддршка и мотивација на младите луѓе и жените да инвестираат во Република Македонија и да ги реализираат своите креативни и инвентивни бизнис идеи.

На промоцијата најавено е обраќање на извршниот директор на Стопанската комора на северозападна Македонија, Фатмир Битиќи, заменик шефот на мисијата на Амбасадата на Швајцарија, Стефан Томаџан и директорот на фондацијата ПРЕДА Плус, Марјан Степановски.