Промивирано четвртото издание на стихозбирката ,,Метрички караван“ во Гевгелија
Четвртото издание на стихозбирката ,,Метрички караван“, која неодамна излезе од печат под покровителство на Gрадска библиотека ,,Гоце Делчев“ од Гевгелија, синоќа беше промовирана пред љубителите на поезијата.
Поетската збирка претставува компилација на творби од 12 поети од градот домаќин Гевгелија и од Битола. Во освртот кон неа рецензентот Ефтим Клетников посочи дека станува збор за т.н. „лирска гозба со 24 поетски јадења зготвени со посебен поетски рецепт“.
Стихозбирката ,,Метрички караван“, првпат беше публикувана во 2014 година со поети од Гевгелија и од Кавадарци, а во 2015 со поети од Струмица. Минатата година со поети од Велес и годинава со поети од Битола.
Според уредниците на стихозбирката, Стефан Марковски и Дамјан Ѓуров, таа е произлезена од потребата и желбата за зближување и комуникација на поетите од Гевгелија со колегите од другите градови во нашата држава.
Ново на Сител
-
Целосно се исплатени субвенциите за земјоделците
-
600 семејства се на работ на сиромаштијата
-
Преглед на вестите од светот
-
Повисока цена по километар за приватните превозници, билетот за граѓаните не се менува
-
Тема на денот со Златко Перински, министер за локална самоуправа
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Преглед на вестите од светот
-
Обвинителството се повлекува од гонење на Вељановски, Ристовски и Јанакиевски за 27 април