Прометот од шверц на луѓе во Европа во 2015 меѓу три и шест милијарди долари

Шверцерите на луѓе, кои пренесуваат бегалци од Блискиот Исток во Европа, минатата година оствариле рекорден профит во вредност од меѓу 3 и 6 милијарди долари, изјави началникот на Европол Роб Вејнрајт за весникот „Индепендент он сандеј“, пренесува ТАСС.
Според Вејнрајт илегалниот шверц на луѓе е во конкуренција со трговијата со наркотици во однос на приходите.
Во последното истражување на властите во ЕУ од прашани 1.500 бегалци и економски мигранти, 90 проценти кажуваат дека платиле средства на криминални групи за да стигнат до Европа.
- Податоците на Управата на високиот комесар за бегалци на ОН покажуваат дека над еден милион луѓе, бегалци од војна, беда и прогон минатата година дошле во Европа. Освен тоа знаеме дека секој мигрант во просек плаќа од три до шест илјади долари за своето патување. Едноставната математика кажува дека прометот во 2015 година од шверц на луѓе бил од 3 до 6 милијарди долари, нагласува Вејнрајт.
Ново на Сител
-

Фетаи поднесе оставка
-

Фетаи поднесе оставка
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Кошта ја стартуваше балканската турнеја – утре доаѓа во Скопје
-

Филипче: Власта намерно ја кочи реформската агенда
-

Дизелот поевтинува за 6,5 денари, бензините поскапуваат за половина денар
-

Пропустите кај млечните производи може да ја намалат продажбата
-

ЦЈЗ Скопје утре ќе каже поради што 20-тина деца од ООУ „Невена Георгиева - Дуња“ завршија во болница
