Променливото време не е штетно за овошките
Најавеното намалување на температурите за десетина степени по невообичаено топлото време што деновиве ја зафати земјава, нема да предизвика штети во земјоделството, велат агрометеоролозите.
Негативно влијание не се очекува ниту кај кајсијата и бадемот иако тие се веќе процветани. Можно е евентуално проретчување на плодовите, но и тоа би било донекаде позитивно.
-Добро е што заладувањето ќе биде само неколку дена. Потоа повторно се очекува затоплување. Сепак, не сметам дека утрински температури од мунус два или три степени, како што се најавува, ќе направат проблем. Позитивно е што утринските температури, иако негативни во наредните денови, нема да предизвикаат штети зашто во сегашните фази на развој, овошките издржуваат па не би требало да има некој проблем. Виновата лоза, пак, се уште мирува. Кајсијата и бадемот се процветани, но лани ова време имаше снег, па со проблеми подоцна не се соочивме. Напротив, имаше многу род, вели за МИА агрометеорологот од УХМР Ангелко Ангелески.
Заладувањето, објаснува Ангелески, ќе ја забави вегетацијата, а тоа е добредојдено за овошките.
-Ако топлото време потраеше со температури до околу 25 степени, се ќе букнеше наеднаш, што е лошо ако се земе предвид дека појава на мраз може да има и кон крајот на март, нагласува агрометеорологот.
УХМР најави дека заладување се очекува од ноќеска, но без многу врнежи, туку повеќе со пад на температурите.
Ново на Сител
-
Шкендија нов лидер вп ПМФЛ
-
Малолетник од Косово удрил двајца пешаци во Скопје, едниот се здобил со тешки телесни повреди - поднесена пријава
-
Meдведев со саркастична порака по суспензија на Синер
-
Напаѓачот кој вчера со нож уби момче во Австрија бил исламист
-
Во пресрет на летнаta сезона Албанија има потреба од над 2.000 туристички работници
-
Притвор за две лица, нападнале полициски началник во дискотека во Кавадарци
-
Еден убиен во нова нарко пресметка кај бриселската метро станица „Клемансо“
-
Јунајтед го загуби Дијало до крајот на сезоната