-->
-->
Променливо врме со дожд, грмежи и ветер до петок
-->
Променливо облачно време со локални врнежи од дожд ќе преовладува денеска во земјава. Наместа ќе има локална нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер главно во западните и југозападните делови.
Утринската температура ќе се движи во интервал од 10 до 19, а дневната од 26 до 33 степени.
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за краткотраен пороен дожд и грмежи и ќе дува слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од 17 до 31 степени.
Синоптичарите за утре најавуваат изолирана појава на краткотраен пороен дожд, а веќе од петок ќе биде стабилно и суво со умерен до засилен ветер од северен правец
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Сања Божиновска, министерка за енергетика, рударство и минерални суровини
-

ДДВ за горивата од 18% на 10%
-

Мерките од Владата не се доволни – ефект ќе дадат мерките предложени од СДСМ
-

Часовникот отчукува: Трамп му постави ултиматум на Техеран – имаат помалку од 48 часа
-

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите на обвинителите, но се вработуваат нови 200 судски соработници
-

“Брзи прсти” за добивање термин кај специјалист
-

Спречен сомнителен увоз на месо од Парагвај и ореви од Казахстан
-

Браната на р.Отиња во завршна фаза - Николовски на увид
