Променливо облачно со сончеви периоди, врнежи од дожд попладне
Утрово во Македонија е претежно облачно, по одделни котлини има појава на магла. Дува слаб, а на некои повисоки места и планините повремено умерен ветер од југоисточен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.
Најниска темература од -1 е измерена во Скопје (мерна станица Петровец), 0 степени во Берово, 2 степена се измерени во Скопје (Зајчев Рид), Крива Паланка и Струмица, 3 во Куманово, 4 степени во Битола, Маврово, Тетово, Крушево и Лазарополе, 5 во Прилеп, Претор и Гевгелија, 6 во Тополчани, Ѓуриште и Штип, 7 во Виница, 8 во Дојран, Пожаране и Охрид и највисоки 9 степени утрово во Дебар и Демир Капија.
Висината на снежната покривка е 1 сантиметар во Скопје Петровец, шест во Крушево, седум во Скопје Зајчев Рид, осум во Тетово, 10 сантиметри во Ѓуриште, 12 во Пожаране и 30 сантиметри во Маврово.
Во изминатите 24 часа најмногу наврнат воден талог има во Маврово (1 литар на квадратен метар) и 2 литра во Крива Паланка.
Денеска претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла. Во текот на денот ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди и со засилен југоисточен ветер. Попладне и во текот на ноќта кон вторник, под влијание на краткотраен, но интензивен влажен бран ќе има врнежи од дожд, најпрво во западните делови, а во текот на ноќта во источните.
На повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Во западните делови се очекува на повеќе места да наврнат од 10 до 15 литри на квадратен метар, а во источните локално и околу 20 литри на метар квадратен. Можна е и ретка појава на грмежи. Највисоката температура на воздухот ќе се движи во интервалот од 9 до 17 степени.
Во Скопје ппетпладне со магла, а во текот на денот променливо облачно со сончеви периоди и со умерен ветер од југоисточен правец. Кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд со променлив интензитет. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер. Највисоката температура ќе достигне до 9 степени.
Утре времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег, пообилни ќе бидат претпладне во источните делови. Попладне ќе почне да дува умерен северен ветер. Од вторник попладне ќе преовладува променливо облачно и посвежо време.
Ново на Сител
-
ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“
-
Во прекин сообраќајот на патот Радовиш-Штип поради сообраќајка
-
Косовското МНР потврди дека на директорот на српската Канцеларија за Косово му е забранет влезот во Косово за Велигден
-
За Велигден претежно сончево и потопло време
-
Тепачка во Чаир - 5 лица повредени
-
Индонезија трајно ќе пресели 10.000 луѓе по серијата ерупции на вулканот Руанг
-
Полицијата ги растера пропалестинските активисти од зградата на универзитетот во Париз
-
Кривична пријава за злоупотреба на постапка за јавен повик и несовесно работење во службата