Македонија
30. September 2017 - 8:24

Променливо облачно со сончеви периоди

Времето во Македонија денес ќе биде променливо облачно преку ден со сончеви периоди долж Повардарието, а утрото свежо. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Во попладневните часови облачноста ќе се намалува. Минималните температури ќе се движат од 4 до 13 степени, а максималните дневни од 11 до 22 степени. 

Во недела и понеделник ќе имаме по студено утро со утрински температури кои ќе се движат од 2 до 11 односно од 3 до 12 степени. Од Управата за хидрометеоролошки работи велат дека во текот на денот во недела и понеделник ќе биде претежно сончево со појава на локална облачност и малку потопло време со максимални температури кои што ќе се движат во интервал од 13 до 24 односно од 15 до 26 степени.