Променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец
Времето денеска ќе биде променливо облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во западните делови ќе има појава на локален дожд. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.
Во Скопје, како што информираат од УХМР, ќе биде значително облачно со слаб југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 12 степени.
Во наредните денови ќе продолжи периодот на променливо облачно време со релативно високи утрински температури. Под влијание на влажен бран, за време на викендот ќе има повремени врнежи од дожд, кои во недела на места ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Од понеделник се очекува заладување што ќе услови провејување на снег и во некои пониски места.
Ново на Сител
-
Стапува во сила Европскиот закон за пристапност за лицата со попреченост
-
Трамп: Ќе го решам конфликтот со Северна Кореја
-
На ГП Табановце се чека околу 30 минути
-
Роналдо го обнови договорот со Ал-Наср до 2027 година
-
Авионска дезинсекција против комарци денеска и утре во Скопје
-
Сончево со мала до умерена облачност и благ пад на температурите
-
Трамп: Ќе се случи нешто во Украина, работите ќе се средат
-
Андоновски: Имаме капацитет за спроведување дигитален попис, во 2026-та ако бидеме подготвени