Променливо облачно со повремени врнежи од дожд

Времето во Република Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи ќе има доцна попладне и во текот на ноќта кон петок (локално над 30л/м2) кога на места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува умерен до засилен јужен ветер кој кон крајот на денот ќе се промени во северен.
Утринската температура ќе се движи од осум до 16, а дневната од 21 до 28 степени.
Во Скопје, променливо облачно, кон крајот на денот и во текот на ноќта со врнежи од дожд и услови за појава на грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 26 степени.
Во петок ќе дува засилен северен ветер кој ќе предизвика значително опаѓање на температурата. За време на викендот времето ќе биде променливо облачно и посвежо, а локален дожд се очекува во ноќта сабота кон недела.
Ново на Сител
-

Велика Британија од денеска ќе бара патни дозволи од 85 земји
-

Франција прогласува 294 општини за подрачја погодени од природна катастрофа
-

Турски воен авион се урна на автопатот Измир-Истанбул, загина пилотот
-

Минусни утрински температури на Попова Шапка, Маврови Анови и Охрид, во Гевгелија 10 степени
-

Global Digital City 2026 во Тетово
-

Без струја делови од Центар, Чаир и Студеничани
-

Министерот Љутков во работна посета на Кичево по изборот за Град на културата 2026
-

Со нови сведочења продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
