Променливо облачно, наутро и претпладне по котлините магла
Времето денеска ќе биде променливо облачно и тивко. Наутро и претпладне по котлините со појава на магла која во средината на денот ќе ослаби. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 1, а максималната ќе достигне од 7 до 16 степени.
Во Скопје, информираа од УХМР, времето ќе биде променливо облачно, од наутро магливо и тивко. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 9 степени.
- До понеделник продолжува периодот на стабилно и релативно топло време, од утре со зголемена променлива облачност. По котлините и понатаму ќе има појава на магла со променлив интензитет и таму температурата преку денот ќе биде пониска. Од понеделник преку денот ќе дува слаб до повремено умерен претежно југозападен ветер, соопштија од УХМР.
Ново на Сител
-
Поевтинуваат горивата
-
Три од децата ќе бидат пуштени дома
-
Бешлиовска: Очекуваме аргументи во случајот со бебето на Детска
-
Земале подарок за да не напишат казна, кривична за тројца полицајци
-
Мицкоски: Потребни се 500 милиони евра и затоа толку се договорени со Унгарија
-
Целосна забрана за движење во шумите од денеска
-
На Табановце за влез се чека 30 минути, на Богородица и Дојран за излез 45 минути
-
Мицкоски: Пристигнати се два авиона и еден хеликоптер од Турција