-->
-->
Променливо облачно и ветровито
-->

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд со локален карактер. Во јужните, а особено во југоисточните делови, ќе има услови врнежите да бидат поројни и со појава на грмежи.
Ќе продолжи да дува јужен ветер кој на повеќе места ќе биде засилен, особено вдолж Повардарието и источните делови. Дневните температури ќе бидат во интервал од 11 до 18 степени.
Во Скопје променливо облачно. Претпладне со магла и ниска облачност, попладне со услови за слаб локален дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Највисока дневна температура до 14 степени.
Пообилни врнежи од дожд се очекуваат во среда и четврток кога ќе дојде и до опаѓање на температурата, а на планините врнежите ќе поминуваат во снег.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

„За влакно избегнавме трагедија“ - улични кучиња нападнале мајка и дете во Скопје
-

Тема на денот со Виктор Митевски, извршен директор на ЗМАИ
-

ДИК со првични официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа
-

Политички реакции по првиот круг во Брвеница
-

МНР: Навредливи и провокативни се изјавите на Демерџиев и Радуков за Ива Михаилова
-

Правосуден испит на албански или нови протести
-

Отказ за административците ако 2 години се негативно оценети
-

Нови цени на горивата
