Променливо облачно и сончево, попладне услови за дожд и грмежи
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне претежно во западните и југоисточните делови од земјата ќе има локална појава на краткотраен пороен дожд и услови за ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 12, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени, најави Управата за хидрометеоролошки работи.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во следните денови времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, особено во вторник, кога дневните температури ќе опаднат за неколку степени.
Ново на Сител
-
Српскиот премир Милош Вучевиќ утре во посета на Скопје
-
Честитка од Свештената бигорска обител до Архиепископот г.г. Стефан, по повод 25-годишнината од востоличувањето
-
Три млади лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Гњилане - Приштина
-
Деветнаесетгодишно момче е рането во синоќешното пукање во Чаир
-
Пронајдена дрога при претрес во Кавадарци
-
Тешко повредени двајца малолетници во сообраќајка со мопеди
-
Флорида прогласи вонредна состојба во 35 окрузи поради заканата од тропската бура Милтон
-
Стармер изрази загриженост поради „одвратната омраза“ кон Евреите и муслиманите од 7 октомври 2023