Променливо облачно и нестабилно со засилен северозападен ветер
Времето во земјава ќе биде променливо облачно и нестабилно на места со врнежи од дожд, кои локално ќе бидат поројни, проследени со грмежи и засилен ветер, а ќе има и услови за појава на град, особено во источните делови. Кон крајот на денот ќе започне да дува засилен северозападен ветер, а на повисоките планини во западните делови ќе провејува снег. Минималната температура ќе биде помеѓу пет и 11, дневната температура ќе се движи од 14 до 22 степена.
Во Скопје ќе биде променливо облачно, околу пладне и попладне нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Утринската температура ќе достигне до девет степени, а дневната температура до 19 степени.
Во вторник поради спуштање на студена воздушна маса ќе дува засилен северозападен ветер што ќе предизвика позначително опаѓање на температурите. Претпладне во западните делови ќе има услови за слаб дожд, а на повисоките планини ќе провејува снег. Во среда утрото ќе биде студено, на места со негативни утрински температури, но преку денот ќе преовладува посончево и потопло време. Локални врнежи ќе има и во четврток и петок.
Ново на Сител
-
Руте: Европа има важна улога во обезбедувањето траен мир во Украина
-
Мицкоски: Ја разрешуваме неизвесноста во евроинтеграциите со зачестени средби и наши аргументи | ВИДЕО
-
Средба Зеленски-Келог: Силни односи Украина-САД ќе бидат од корист за целиот свет
-
Мицкоски е потврден говорник на годишната Конференција на конзервативците во Вашингтон | ВИДЕО
-
Путин: Во Русија лани за тероризам биле осудени 1.075 лица
-
Првите луѓе на ЕУ ќе го посетат Киев на третата годишнина од руската инвазија
-
Откриено картелско работење
-
Жерновски отповикан од амбасадор во Романија - дознал преку „Службен весник“