Македонија
16. February 2018 - 21:24

Промена на времето - еве што не очекува викендов

За време на викендот времето ќе биде стабилно и суво со ниски утрински температури. Дневните ќе бидат во пораст, што ќе предизвика топење на снежната покривка, особено во сабота.

Во недела ќе има зголемување на облачноста, а преку ноќта ќе има повремени врнежи од дожд и снег.

 Во почетокот на наредната седмица се очекува извесно заладување со повремени врнежи претежно од снег.