Пролонгирани роковите за откуп на градежно земјиште во Гевгелија
Општина Гевгелија ги пролонгира сите рокови за откуп на градежно земјиште од страна на физички и правни лица поради новата законска обврска според која минималниот процент кој треба да биде изграден од вкупно развиената градежна површина не смее да биде помал од 30 отсто, соопштија денеска надлежните од одделението за урбанизам.
- Со објавената исправка извршивме пролонгирање на роковите за поднесување на пријавите, на датите за електронско наддавање како и на роковите за важност на банкарските гаранции, така што мора да се повтори целата процедура за аплицирање, велат урбанистите.
Тие појаснија и апелираат до сите физички и правни лица кои веќе поднеле пријави за купување градежно земјиште со приложена банкарска гаранција чиј што рок истекува во декември годинава,да поднесат нови апликации кои ќе имаат важност на банкарската гаранција до 20 мај 2017 година.
Ново на Сител
-
КСЗД го презентираше извештајот за минатата година
-
Две лица осомничени за поткуп – се чека притвор за врховниот судија
-
Почнува процесот на прегласување за парламентарните избори
-
Преглед на вестите од светот
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер