-->
-->
Пролетната сеидба во Кумановско се одвива непречено
-->
Заврши пролетната седиба на дел од житните култури во општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане, информираа денеска надлежните од подрачната единица на Министерството за земјоделство, водостопанство и шумарство.
Во овој регион, според надлежните од подрачната единица, предвидено е да се насеат вкупно 6.385 хектари со житни култури, од кои 420 на претпријатија, и 6.214 на индивидуалните земјоделци.
Раководителот на подрачната единица на МЗШВ, Насер Даути, информираше дека целосно е завршена седибата на житните култури, пролетната пченица, 'рж, овес и останува да се насадат во овој период 3.600 хекатри со пченка.
И пролетната сеидба на градинарските култури на површина од 4.886 хектари се одвива непречено изминативе денови.
- Лукот речиси целосно е насаден, приближно и кромидот, земјоделците во овој период насадиле речиси половина од предвидените површини со компир. Вкупно околу 40 отсто од планираните површини со градинарски култури се насадени, изјави Даути.
Фуражни култури се садат на површина од 2.249 хектари, при што речиси 90 проценти од површините се насеани со пролетни фуражни култури, детелина, добиточен грашок, репка.
Вкупно во трите општини, според податоците на подрачната единица со пролетна седиба планирано е да се насадат 14.101 хектар.
Сепак, стручните лица од подрачната единица на МЗШВ објаснуваат дека поради временските услови, недоволна влага на почвата, ниските утрински температури, тешко проникнуваат растенијата и се забележува послаб развој во однос на минатата година. Ова, целат тие, се однесува и на житни култури, но, особено на градинарските култури кои се почуствителни на временски услови, што ќе влијае врз нивниот понатамошен развој. И покрај ваквите временски услови, сеидбата се одвива непречено. Земјоделските претпријатија пријавиле дека годинава ќе насадат поголеми површини од планираните.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од утре автобусите се враќаат на скопските улици – Вонредна седница на Град Скопје
-
Герасимовски: Град Скопје кочи капитални проекти на Општина Центар
-
Тема на денот со Стефан Кирков, ВМРО-ДПМНЕ
-
Вонредна седница на Владата: ЈСП ќе добие нафта од државните резерви
-
Итна седница во советот на Град Скопје
-
Македонскиот јазик е на удар на соседите и со тоа е загрозен пристапниот процес во ЕУ
-
Растат платите, но и трошоците - За една година животот поскап за 13.000 денари
-
Граѓанските организации бараат државата да ги унапреди превентивните здравствени програми и да не крати средства