Производителите на безалкохолни пијалоци ги тужат властите

Здружението на американските производители на пијалоци поднесе тужба против градските власти на Сан Франциско, тврдејќи дека е неуставна новата градска мерка, со која се бара ставање ознаки со здравствено предупредување на безалкохолните пијалоци и се забранува рекламирање на овие напитоци на градскиот имот.
Во тужбата се наведува дека градот „се обидува да ја спречи слободната размена на идеи на оваа тема, туку да има само едностран јавен дијалог наметнат од власта, што е спротивно на Првиот амандман од Уставот на САД, со кој се гарантира слобода на говорот“.
Градскиот Надзорен одбор минатиот месец едногласно ја одобри одредбата со која се бара ставање здравствено предупредување на огласите за засладени напитоци. Се бара предупредувањето да се стави покрај рекламата на билбордите, автобуските и другите постројки, плакатите и стадионите.
Ознаката би требало да гласи: „ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пиењето напитоци со дополнителен шеќер придонесува за дебелеење, дијабетес и проблеми со забите“.
Ново на Сител
-

Краделе мебел, бела техника и радијатори кај браната Конско - приведени две лица
-

Зеленски повторно бара членство во НАТО, според него тоа е гаранција за безбедност
-

Уапсен возачот кој возеше во спротивен правец на „Партизанска“ | ВИДЕО
-

Ѓорѓиевски: Уреден просторот кај жичарницата на Водно, обновени клупите и летниковците | ФОТО
-

Приведени девет возачи, петмина управувале возило без положен возачки испит
-

Безживотно тело на 38-годишен маж со прострелна рана пронајдено кај Смилковци
-

Мицкоски: Даваме сè од себе да реализираме проект повеќе и да создадеме подобри услови за живот на граѓаните
-

Франција стравува од ескалација на протестите, 70.000 полицајци и жандарми распоредени на улиците
