Програма за „шминкање“ на куси деловни биографии
На работодавецот просечно му требаат 10 секунди за да отфрли нечија куса биографија, а најчесто причина за тоа се скриените важни детали, но и дизајнот.
Затоа, програмерите Ендрју Стеценко и Александра Доси ја создадоа апликацијата „Си-ви Компајлер“, што знае како да го истакне она што е важно во поднесениот документ, за тој да привлече внимение и да му се допадне на работодавецот.
Концептот е едноставен… Програмата ја проверува кусата биографија, па посочува начини како таа да изгледа подобро, што треба да се додаде и отстрани итн. Работи со помош на алгоритам кој користи датотека од голем број куси биографии прикачени на интернет и по принцип на препознавање клучни зборови.
Програмата е создадена како неизбежен дел од проширувањето на пребарувачот Хром, и треба да им помогне на корисниците подобро да ја разберат современата компјутерска терминологија.
Ново на Сител
-
Крилото на Села на АА оди во коалиција со Европскиот фронт, очекува најмалку пет пратенички мандати
-
Тепачка помеѓу вработени во болница во Карпош
-
Физички нападната 71-годишна скопјанка
-
Тепачка на паркинг во Скопје
-
19-годишник повреден на работно место
-
Локализиран пожар во туристичката населба Абланица во Берово
-
Палестинската управа формира нова влада
-
Руски воени бродови впловија во Црвено Море