Прогласена ограничена епидмија на морбили во општина Гази Баба

Комисијата за заразни болести во Министерството за здравство прогласи ограничена епидемија на морбили на територијата на општина Гази Баба, откако пет лица со клиничка симптоматологија на морбили се примени на Клиниката за инфективни болести и докажано е дека станува збор за морбили со серолошка специфична реакција.
Од Комисијата информираат пациентите се во стабилна и добра општа состојба.
Министерството за здравство во соработка со Центар за јавно здравје Скопје и Институтот зајавно здравје презема активности меѓу кои вакцинација на сите лица на возраст од 6 месеци до 60 години, доколку не се вакцинирани или не се потполно вакцинирани на територијата на општина Гази Баба во областа „Кванташка депонија".
Центарот за јавно здравје Скопје и Институтот за јавно здравје ќе спроведат засилен епидемиолошки надзор, проверка на вакциналниот статус и стручно методолошка помош на превентивните тимови за имунизација на целата територија на Град Скопје. Се подготвуваат и информативни флаери за морбили до матични лекари, градинки и училишта и истите ќе бидат поставени на своите веб страни .
од Комисијата препорачуваат дека во болничките здравствени установи потребно е почитување на режимот за посетата, согласно интерните одлуки на здравствената установа, интензивирање на мерките за спречување интрахоспитално ширење на болеста и зајакнување на општите профилактички мерки за дезинфекција и проветрување во воспитно образовни установи и установи за згрижување деца.
Ново на Сител
-

Кривична пријава за поранешен директор на Здравствен дом Куманово кој го оштетил буџетот за над 21 милион денари
-

Тема на денот со Орце Ѓоргиевски, градоначалник на Скопје
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби на распит во Обвинителство
-

Груби слушна за што го гони Обвинителството
-

Што се крие зад враќањето на Груби? Партиите си разменија обвинувања
-

Радев: Прво Бугари во Уставот па потоа преговори
-

Давитковски: Правосудниот испит законски се полага само на македонски јазик
