Прогласена епидемија на варичела во Крива Паланка и Ранковце

Според податоците за пријавени случаи на лица заболени од овчи сипаници од Подрачната единица на Центарот за јавно здравје Крива Паланка, прогласена епидемија на ова високозаразно заболување на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце.
-Следејќи го пријавувањето на овчите сипаници на ниво на општина последните два месеца, се бележи зголемување на бројот на заболени лица. Почнувајќи од месец септември 2019, заклучно со 31 октомври регистрирани се вкупно 73 заболени лица, што е алармантна бројка споредено со истиот период минатата година, кога не е регистриран ниту еден случај на заболени од варичела, информира докторката Елена Крстевска-Ивановска, од ПЕ на Хигиено-епидемиолошка служба Центар за јавно здравје, Крива Паланка.
И во 2016 година во истоветниот период била прогласена епричела на ниво на општина Крива Паланка и Ранковце, што покажува дека станува збор за заразно заболување кое се јавува циклично.
-Од вкупно 73 заболени, 55 се регистрирани кај деца од предучилишна возраст, дечиња до пет годинки, кои посетуваат или не посетуваат предучилишни установи, а останатите се на возраст од 6 до 19 години, ученици во основните училишта во градот. Како резултат на зголемениот број заболени во училиштата и градинките се доставени информации за начинот на пренесување на ова заразно заболување и превземањето превентивни мерки со кои би се спречила опасноста од понатамошно ширење на болеста, додаде Крстевска-Ивановска.
Од вкупниот број регистрирани заболени од варичела, 51 лице е од град, додека 22 заболени се од руралните подрачја.Во однос на полот, заболени се 38 момчиња и 35 девојчиња.
Од ПЕ на ХЕС Центар за јавно здравје Крива Паланка посочија дека како превентивна мерка дадени се препораки до установите и извршена е едукација на населението со цел да се спречи понатамошна појава на ширење на заболувањето, а епидемиолошката состојба на подрачеј на општините во реонот се следи постојано.
Ново на Сител
-

Зеленски: Се надевам дека разговорите ќе донесат мир што е можно побрзо
-

Путин и Трамп не ја поддржуваат европско-украинската идеја за привремено примирје, соопшти претставник на Кремљ
-

Вардар предложи јужната трибина да го добие името Васил Рингов
-

Реакција на ЗНАМ
-

Трамп изјави дека имал „многу продуктивен“ телефонски разговор со Путин пред средбата со Зеленски
-

Граничниот премин Евзони од пладне затворен за сообраќај
-

Трамп и Зеленски по средбата ќе имаат телефонски разговор со европските лидери, соопшти портпаролот на украинскиот претседател
-

Прегазен 31-годишен пешак во Скопје
