Македонија
9. јуни 2022 - 16:15

Професорката Родна Живковска не доби поддршка за уставна судијка

Професорката Родна Живковска од Правниот факултет не доби поддршка од Комисијата за прашања на изборите и именувањата да биде уставна судијка.

Мнозинството гласаше против додека од пратеници на ВМРО-ДПМНЕ доби три гласа „ЗА“.

Професорката Живковска беше предложена од опозициската партија заедно со уште петмина други кандидати.

Претседателката на Уставниот суд, Добрила Кацарска со месеци упатува апел до Законодавниот дом дека состојбата во судот е сериозна, откако тој работи со четири судии помалку отколку што е предвидено со Уставот.