Професор по географија од Нови Сад со велосипед допатувал во Катар поради репрезентацијата на Србија
Зоран Зивлак од Нови Сад, професор по географија и рекреативен спортист, стигнал со велосипед во Катар поради репрезентацијата на Србија.
Зоран Зивлак во последните неколку години поминал голем број километри на својот велосипед. Прв пат заминал на патување со велосипед во 2008 год. на Олимписките игри во Пекинг.
Овој пат во Катар патувал поради репрезентацијата на Србија која настапува на Светското првенство во фудбал пренесува РТС.
Поминал низ неколку држави и носи необични искуства од тие патувања. Патот го започнал со велосипед од родниот град Нови Сад потоа Бугарија, Грузија, Ерменија, Иран, ОАЕ и Саудиска Арабија, а за таа егзотична рута му биле потребни повеќе од четири месеци.
„Фала за дочекот. Кога јас ќе дојдам ние победуваме. Се надевам и сега. Патувањето траеше нешто повеќе од четири месеци. Беше за душа, но се одолжи малку. Кризните моменти беа секојдневни“ кажал Зивлак.
После успешниот пат го пречекал капитенот на српската репрезентација Душан Тадиќ со кој размениле впечатоци од патувањето, му поклонил сувенир, а за возврат добил дрес од Тадиќ со потпис.
„Чергарски е овој живот. Потребно е многу, но можеш со малку да преживеш, сите сме комформисти па дочекуваме некогаш и хотел. Најосновно што носам е шатор, облека за топло и ладно време“ кажал Зивлак.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Гордан Јорданов од ОМД
-
Научник кој живеел и работел во Нови Сад е Македонецот кој загина на железничката станица
-
Освен „шминка“, потребна е проверка и на стабилноста на објектите
-
Полицијата уапси еден од напаѓачите по синоќешното пукање во Арачиново
-
Убиство во Штип
-
Се интензивираат работите за изградба на автопатот Прилеп-Битола
-
Мицкоски му одговори на Ахмети - Наместо за избори, подгответе се за одговорност
-
СДСМ бара поддршка за законските измени