-->
-->
Проект за водоснабдување на четири планински села во Осоговијата
-->
Постапувајќи по заклучокот на Советот на опшитна Кочани, Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ од Кочани подготви студија за квалитетно водоснабдување на четирите планински села од Осоговијата Нивичани, Пантелеј, Лешки и Јастребник.
- Со студијата се дава одговор на потребите од квалитетна вода за пиење на овие населени места во Осоговијата, како и можностите и начинот на обезбедување на вода од природни извори. За оваа намена изготвивме и технички решенија за секое населено место оделно за што се побарани извори на вода од околината на населбите и зафаќање на водите од падините на Осогосвките планини и нивна дистрибуција по гравитационен пат. За ова намена се планирани средства во износ од 668 илјади евра, информира Љупчо Папазов, директор на кочански „Водовод“.
Ваквата студија ќе овозможи поединечна подготовка на проекти за водоснабдување на селата Нивичани, Пантелеј, Лешки и Јастребник, со што ќе се реши трајно проблемот со водоснабдувањето на овие населени места во општина Кочани во кои постојат заначајни културно историски и верски објекти, а има и се уште население кое се занимава со земјоделство и сточарство.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Речиси 83.000 вработени не зеле плата за јануари
-
Тема на денот со Слободан Трендафилов, претседател на ССМ
-
Многу деца во Македонија со вишок на килограми – најдебелиот пациент во земјата има 288 килограми
-
Хаос во српското Собрание - повредени неколку пратеници
-
Паузирана американската воена помош за Украина
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
Османи: Албанците нема да дозволат да се одржат локални избори
-
До локалните избори половина година – партиите веќе на терен