Проект за подобро управување со квалитетот на воздухот
Јакнење на капацитетите за ефективна имплементација на европското право во областа на квалитетот на воздухот е целта на твининг проектот финансиран од ЕУ што денеска ќе биде промовиран во Скопје.
Проектот е со времетраење од 21 месец, ќе се спроведува од мај 2015 до јануари 2017 година, а финансиската поддршка од 1,1 милион евра е обезбедена преку ИПА.
Активностите се насочени кон зајакнување на административните капацитети во областа на управувањето со квалитетот на воздухот и влијанието на загадувањето врз здравјето согласно соодветното европско право.
Проектот ќе им помогне на корисниците да ги направат неопходните реформи и подобрувања за спроведување на законодавството за квалитетот на воздухот, да ги зајакнат капацитетите во однос на мониторингот на квалитетот на воздухот, управувањето со податоци и изготвувањето извештаи. Ќе бидат усовршени инвентарите на емисии и проекциите за различните сектори, вклучително и дисперзионо моделирање како поддршка при подготовката на оценки за квалитетот на воздухот. Ќе се вложат големи напори во развојот на планот за подобрување на квалитетот на воздухот, вклучувајќи и идентификување мерки за подобрување на квалитетот на воздухот на локално ниво. Проектот вклучува и активности за подобрување на проценките на влијанието на загадувањето на воздухот врз здравјето.
На промоцијата ќе се обратат евроамбасадорот Аиво Орав, министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири и почесниот конзул на Финска Светозар Јаневски. Одржанба ќе биде и сесија на која експертите ќе дискутираат за епизоди со високи концентрации на загадувачки супстанци кои се јавуваат особено во текот на зимата, како и нивното влијание врз популацијата.
Ново на Сител
-
Во штипскиот Основен суд закажано судењето за убиството врз 29 годишната Емилија Прошева
-
Приведен криумчар на мигранти, пронајдени 3 лица
-
52-годишна кавадарчанка пронајдена почината со повреди на телото
-
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време
-
МВР со детали за верижната сообраќајка на Скопска обиколница
-
Спасени три питбули и дорбеман користени за борби на кучиња во Врапчиште
-
Во Словенија утре Ден на жалост поради загинувањето на тројцата рудари
-
Магла во Битола, Прилеп, Гостивар, Штип и Струмица