Проект „Со зеленило против загадувањето“ во општина Илинден
На повеќе локации во општина Илинден со засадување садници и озеленување на просторот се реализира еколошкиот проект „Со зеленило против загадувањето“.
Целта е преку озеленување на јавните површини во урбаниот дел на општината да се придонесе за подобрувањето на квалитетот на воздухот, унапредувањето на животната средина, како и подобрување на условите за живеење и квалитетот на живот во локалната заедница. Се озеленуваат површините покрај пешачко-велосипедските патеки и покрај општински улици и патишта, просторот околу домовите на култура, училишните дворови, локалните економски зони, детската градинка, површини околу спортските терени и останати јавни површини.
Од општина Илинден истакнуваат дека заштитата на животната средина како еден од најголемите предизвици на денешницата останува приоритет во нивното работење.
– Грижата за екологијата и здравата животна средина е обврска на секој од нас, па во таа насока одржувањето на озеленетите површини и садниците е грижа и обврска на секој поединец во локалната заедница. Затоа, отворен е повикот на Општина Илинден до сите граѓани, ученици, младинци, пензионери, бизнис секторот, општинските комунални претпријатија, општинската администрација активно да се вклучуваат во реализацијата на еколошките проекти. Секој од нас да даде личен придонес за заедницата, свој придонес во обезбедувањето почист воздух и поздрава животна средина во насока на создавање подобри услови за живеење за нас, но и за идните генерации, соопшти Општина Илинден.
Ново на Сител
-
Приходот од ракометниот дуел меѓу Македонија и Полска ќе биде дониран во Кочани
-
Муцунски за грчкиот весник „Та Неа“: По несреќата во Кочани, тоа што говореше погласно од зборовите беа непосредните и искрени постапки на солидарност од цела Европа
-
ЕУ вo среда ќе воведе контрамерки на американските царини за челик и алуминиум
-
Мбапе за неговата позиција: Роналдо играше насекаде во нападот, исто и јас
-
Четврта последователна победа на Сузука за Верстапен
-
Околу 15.000 луѓе евакуирани во Германија поради сомневање за бомби од Втората светска војна
-
Уапсени две лица, возеле мортус пијани
-
Стотици илјади луѓе учествуваа на протестите низ САД против Трамп и Маск