Проект „И ние сме дел од општината“

Здружението за развој, претприемништво и претприемачко учење „Марвел-АДЕЕЛ“ од Штип почна со спроведување на проектот „И ние сме дел од општината“ во Штип, Карбинци, Кочани и Свети Николе.
Главна целна група на овој проект се граѓаните на помалите заедници од овие општини. Основна цел на проектот е зголемување на свесноста за својата улога и покренување на активност кај жителите на помалите заедници во општините Штип, Карбинци, Кочани и Свети Николе за решавање на проблемите во нивните општини.
Во рамки на овој проект ќе бидат имплементирани 12 еднодневни работилници во заедници кои гравитираат кон општините Штип, Карбинци, Кочани и Свети Николе со учество на најмногу 10 учесници на секоја работилница. Секоја од работилниците ќе вклучува теоретски дел за граѓански активизам, контакти со институции, медуми и практичен дел (изработка на документи за воочени / тековни проблеми во самата општина и предлог решенија).
Предвидена е и конференција за поттикнување акција на помалите заедници и нивно учество во решавање на проблеми во општините Штип, Кочани, Карбинци и Свети Николе. Проектот „И ние сме дел од општината“ е финансиран од проектот „Цивика мобилитас“.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-

Ангелова победи на изборите за ректор на УКИМ - поените од институтите пресудија во трката
-

14 лица повикани во полиција за монструозното меѓуврсничко насилство во Ѓорче
-

Вонредни контроли на ДСЗИ поврзани со илегалните ботокси и филери
-

Сали: Интензивно работиме на реформите
-

ИПАРД средствата повторно се достапни за земјоделците, Брисел потврди дека нема пропусти
-

Се избира ректор на УКИМ
-

Жртвите во „Пулс“ починале од труење со јаглерод моноксид
