Проекција на два филма на режисерот Желимир Жилник
„Мали пионери“ и „Убави жени одат по градот“ се двата филма на култниот режисер Желимир Жилник што ќе бидат прикажани вечер во Музејот на современата уметност во Скопје.
Како што наведуваат организаторите, тематската рамка за изборот на овие два филма е наречена „Од маргини до дистопија“ и ја потврдува уште еднаш релевантноста на делата на Жилник за денешницата.
-Краткометражниот филм „Мали пионери“ говори за социјално запоставени деца кои сами се грижат за себе, одлучуваат да крадат и да го прекршат законот. Тие се расправаат со нивните родители, кои ниту ги разбираат, ниту пак имаат чувства кон нив, соопштуваат организаторите.
Долгометражниот филмот „Убави жени одат по градот“, како што се наведува во соопштение, говори за Белград во 2041, кој е напушен и руиниран град покриен во ѓубре. Неколку стари луѓе живеат таму: поранешен новинар со неговата ќерка, поранешен политичар со неговата жена и поранешен полицаец, кој работи како чувар на конвикт во кој живеат осум девојки. Старците ги растат девојките според традициите на поранешните Југословенски нации, што е доста ризично бидејќи Јужна Европа е опустошена од банда, која забранува какво било сеќавање на минатото…
Желимир Жилник е еден од најпродуктивните и најнаградувани режисери од просторите на поранешна Југославија. Неговите играни и документарни филмови од самиот почеток се фокусираат на современи тематики, вклучувајќи социјално и економско преиспитување на секојдневниот живот. За филмот „Рани Радови“ (1969), Жилник доби Златна Мечка на Берлинскиот Филмски Фестивал и три награди во Пула.
Ново на Сител
-
Поради силни турбуленции повредени се 12 лица на лет на „Катар Ервејз“ на релација Доха-Даблин
-
Скопјанец почина косејќи трева во двор, го усмртил струен удар
-
Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка
-
Ја вознемирувал поранешната партнерка и непочитувал судска мерка, уапсен неготинец
-
Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Карпош
-
Голема тепачка меѓу навивачи на Олимпијакос и Панатинаикос во Берлин
-
„Од Битола до Вевчани се сардисано“ - годишен концерт на КУД „Дримкол“ Вевчани
-
Млад возач на „јамаха“ заврши во болница по судир со „пежо“