Проекција на документарниот филм „Остани различен“ во Крива Паланка

Во киносалата на Центар за култура во Крива Паланка вечер ќе биде прикажан документарниот филм „Остани различен“ на авторката Марија Дибиаџио, во продукција на Пинк супорт МК.
- Ова е прв документарец од ваков вид во Македонија во кој јас трчам и возам велосипед низ прекрасните, неретко подзаборавени или делови од земјава кои се препознатливи. Станува збор за документарен филм кој има за цел да поттикне истражување на Македонија низ спортот, но и да ги претстави нејзините убавини. Со ова сакам да ги мотивирам сите, пред се младите, спортисти но и рекреативци, како и жените над 35 години, да возат, спортуваат и да ја истражуваат нашата прекрасна, чудесна Македонија, изјави Мариа Дибиаџио, автор и режисер на филмот.
Документарецот премиерно беше прикажан на 23 септември во кино „Фросина“ во Младинскиот кулутрен центар-Скопје, а во родниот град на Дибиаџџио, Крива Паланка, ќе се одржи вечер со почеток во 20 часот. Во план е филмот да биде прикажан на повеќе фестивали во Европа.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Имер Селмани, поранешен вицепремиер
-

Силјановска го пречека Бегај во Скопје - интеграцијата на Балканот во ЕУ е гаранција за стабилноста на Унијата
-

Во ВРЕДИ обединети дека сакаат партија, но разединети за функциите
-

Груби и наредната недела ќе прави увид во доказите
-

Пропадна првата средба за Изборниот законик
-

Протест на „Стоп за Усје“
-

Ученик извадил нож среде час во скопско училиште, родителите бараат поголема безбедност
