Продолжуваат протестите во Чиле, вкупно 18 загинати

Стотици илјади луѓе протестираа вчера против социјалните нееднаквости во Чиле и покрај реформите што ги најави претседателот Себастијан Пинера.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден загинале три лица, со што вкупниот број на жртвите на протестите се зголеми на 18. Возрасен маж и четиригодишно дете се погодени од автомобил, а третиот човек загинал при полициско насилство.
Два супермаркета беа запалени во северниот град Антофагаста, а еден хотел беше предмет на вандалски настан во Сантјаго, јави локалната телевизија Вентикуатро Орас.
Протестите започнаа поради зголемување на цените на билетите за метрото. Мерката беше укината, но тоа не ги смири демонстрантите. Претседателот Пинера најави реформи, вклучително и зголемување на пензиите и минималната плата, пониски цени на лековите и повисоки даноци за богатите.
Покрај тоа, вчера имаше демонстрации во повеќе градови, а полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстрантите.
Чиле е една од најбогатите земји во Латинска Америка, но истовремено и една од оние во кои има најголема социјална нееднаквост.
Ново на Сител
-

Искра Хаџи Василева е новата шефица на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Тема на денот со Соња Трифуновска, заменик народен правобранител
-

МВР приведе 4 лица за двете убиства во Ѓорче Петров
-

Обвинителите избираат нов шеф за организиран криминал и корупција
-

Граѓаните ќе можат да вадат документи преку телефон - промовирана е новата апликација М.услуги
-

Студентите бараат 200 денари за оброк
-

Ќе се пресметуваат ли платите по час? Договор би требало да има до март
