Продолжуваат протестите во Чиле, вкупно 18 загинати

Стотици илјади луѓе протестираа вчера против социјалните нееднаквости во Чиле и покрај реформите што ги најави претседателот Себастијан Пинера.
Министерството за внатрешни работи соопшти дека во текот на вчерашниот ден загинале три лица, со што вкупниот број на жртвите на протестите се зголеми на 18. Возрасен маж и четиригодишно дете се погодени од автомобил, а третиот човек загинал при полициско насилство.
Два супермаркета беа запалени во северниот град Антофагаста, а еден хотел беше предмет на вандалски настан во Сантјаго, јави локалната телевизија Вентикуатро Орас.
Протестите започнаа поради зголемување на цените на билетите за метрото. Мерката беше укината, но тоа не ги смири демонстрантите. Претседателот Пинера најави реформи, вклучително и зголемување на пензиите и минималната плата, пониски цени на лековите и повисоки даноци за богатите.
Покрај тоа, вчера имаше демонстрации во повеќе градови, а полицијата употреби водени топови за да ги растера демонстрантите.
Чиле е една од најбогатите земји во Латинска Америка, но истовремено и една од оние во кои има најголема социјална нееднаквост.
Ново на Сител
-

Цар Самоил добива саркофаг од македонски мермер со натпис „Самоил во Христа Бога, цар на Бугарите“
-

Неверојатен случај во Фиџи: 40 килограми кокаин чувани како доказ во суд исчезнале и биле заменети со брашно
-

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје поради посета на Урсула фон дер Лајен
-

Скопјанец му се заканувал преку телефон на полицаецот кој предходно му пишал казна
-

Татко во кривопаланечко си го нападнал малолетнит син со остар предмет
-

25-годишник обил сеф на ЈП „Паркови и зеленило“ - Скопје и одзел девет пиштоли
-

Мицевски: Филипче губи контрола, со навредливи зборови кон премиерот манифестира силен страв и впечаток дека е притиснат од внатрешни поделби
-

Николоски од Брисел: Изградбата на автопатите и железницата се стратешки приоритет за Македонија
